|
Петок, 08 Октомври 2010 09:42 |
|
Вчера почна јубилејното 25-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2010“. На фестивалот ќе бидат изведени 28 композиции, во две полуфинални вечери, односно по 14. Финалето ќе биде на 9 октомври со почеток во 20:30 часот а за прв пат преносот од сите три вечери го реализира Канал 5 телевизија.
Фестивалот има нов аудио-визуелен дизајн со користење на модерната лед-дисплеј технологија во функција на подобра визуелизација како за присутните во салата, така и за директниот пренос на телевизија.
Генерален покровител на фестивалот е Општина Штип која од минатата година е нов сопственик на фестивалот. 25-тото издание на „Макфест“ ќе се реализира во НУЦК „Ацо Шопов“.
Инаку според програмата прес конференциите се одржуваат во 13:00 часот а во 14:00 часот се генералните проби.
Акредитациите се издаваат секој ден до 17:00 часот а пауза за издавање на акредитации ќе има од 13:00 до 14:00.
   
|