| Претставници на Општина Штип на одбележувањето на „Светскиот ден на белиот стап“ |
| Петок, 15 Октомври 2010 10:26 | |||
|
Снежана Санева од кабинетот на градоначалникот и советничките Цвета Давиткова и Вилма Јованова, денес го посетија седиштето на Заедницата на инвалидски организации и разговараа со дел од членовите. Општина Штип и годинава не ги заборави инвалидските организации, посебно на денешниот ден кој вообичаено се одбележува како ден на белиот стап односно на слепите лица. Членовите на Заедницата на инвалидски организации се покажаа како достојни домаќини, отворајќи ги своите простории за добронамерните и за сите оние кои се сетија на денешниот ден. Здружението го посети и Митрполитот на Брегалничката епархија, г.Иларион. Минатата година Здружението го посети градоначалникот д-р Зоран Алексов, кој годинава заради професионални обврски (присуство на конференција во Охрид) не можеше да присуствува на одбележувањето кое тие го организираат.
|