|
Понеделник, 25 Октомври 2010 08:33 |
|
Претставници на Општина Штип во Струмица одржаа работилница на тема „Креирање на дневен Е-билтен“. Тоа беше втора работилница по онаа што се одржа за Општините од Источниот-плански регион на крајот на септември.
На втората работилница учествуваа претставници на Општините од Југоисточниот плански регион при што покрај практичните совети утврдени се насоки околу креирањето на оваа алатка за општините од југоистокот..
Целта на проектот кој е подржан и од канцеларијата на ГТЗ РЕД е да направи обука на ПР лицата и одговорните за односи со јавност за креирање на електронски билтен, а подоцна и негово издавање за медиумите и граѓаните.
По одржувањето на втората работилница ќе следи тест период по кој секоја Општина самостојно ќе креира ваков билтен. До крајот на октомври, општините ќе прават интернет е-билтен кој ќе биде контролиран од Општина Штип а веќе од средината на ноември се очекува да почнат истиот да го испраќаат до медиумите, институциите и граѓаните.
По работилницата за истокот и тест периодот, засега 4 општини веќе издаваат вакви е-билтени: Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево а во фаза на подготовка се и другите општини. Тенденцијата е идната година двата региона да издаваат регионални е-билтени во кои ќе бидат содржани дневни активности на општините од двата региона а една општина да го координира издавањето на секој од нив. Според анализите, за источниот регион ќе биде одоговорна Општина Штип додека за регионалниот билтен на Југоисточниот регион Општина Струмица.
|