Дома Настани Одржана свечена седница на Советот на Општина Штип по повод Денот на ослободувањето: 8-ми ноември
Одржана свечена седница на Советот на Општина Штип по повод Денот на ослободувањето: 8-ми ноември
Понеделник, 08 Ноември 2010 16:02

svecena_sednica-Sovet-08112010-1По повод Денот на ослободувањето на Штип, 8-ми ноември, беа одржани низа настани. Согласно програмата, прво беше положено свежо свеќе на споменикот на Револуцијата на градскиот Исар а централниот настан започна во 11:00 часот. Беше одржана свечена седница на Советот на која беа промовирани добитниците на традиционалните 8-мо ноемвриски признанија.

На прусутните им се обрати градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој презентираше историски факти за ослободувањето на Штип:

-На денешен ден во 1944 година, штипјаниsvecena_sednica-Sovet-08112010-4 со броба ги уништија окупаторите и храбро се оттргнаа од обрачите на теророт за да ја одбранат слободата. 66-годишната слобода над нашите глави е резултат на огромните напори на победоносните броци од 13-тата, 14-тата и 19-тата бригаа на 50-тата дивизија и 21-та бригада на 51-та дивизија-изјави градоначалникот Алексов.

svecena_sednica-Sovet-08112010-5Тој во своето обраќање пред присутните се задржа на конкретните проекти од својот досегашен мандат, но и на идните активности кои треба да ја променат сликата на градот. Тука пред се бече напоменат проектот за реконструкција на централното градско подрачје кое опфаќа уредување на коритото на реката Отиња, уредување на улицата „Ванчо Прке“ во пешачка зона како и реконструкција на градскиот плоштад.

Потоа од страна на Претседателката на Општинскиот Совет, Сузана Николовска беа прогласени годинашниве добитници на 8-мо ноемвриските признанија. Тоа се: Зоран Трајков (сопственик на фирмата Еко Солар), Заедницата на Хрватите во Македонија, средното општинско училиште „Коле Нехтенин„ и Заводот Музеј-Штип.

svecena_sednica-Sovet-08112010-2svecena_sednica-Sovet-08112010-3svecena_sednica-Sovet-08112010-6

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер