|
Понеделник, 08 Ноември 2010 16:26 |
|
Во НУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип како дел од Митровденските средби на доктори на науки, беа промовирани шест нови доктори на науки. Станува збор за Доц. д-р Александра Милева, Д-р Илчо Јованов, Доц. д-р Трајче Нацев , Проф. д-р Ирена Воденска – Читкушев , Доц. д-р Зоран Киткањ и Доц. д-р Вања Мургоска.
На пригодната свеченост, за секој од нив говореа промотори кои го претставија развојниот пат на секој од докторите на науки. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој изјави:
-Со секоја нова промоција, со секоја следна Митровденска средба, Штип како град го збогатува својот научен потенцијал и кадар. Штип на статистичко ниво е мошне високо во поглед на ова што е мошне важно бидејќи тоа влијае на квалитетот на високото образование а знаеме дека Штип веќе три години е и Универзитетски центар на Источна Македонија.
Митровденските средби се дел од активностите за одбележување на –ми ноември, денот на ослободувањето на Штип. Како дел од оваа манифестација е и традиционалната 43-та смотра на ДЛУШ во Уметничката галерија „Безистен“.
    
|