| Седница на Комисија за правата на детето (10:30) |
| Четврток, 11 Ноември 2010 10:26 | |||
|
Станува збор за проект кој подолго време се реализираше под покровиетлство на УНИЦЕФ а од пред неколку години комплетно е во надлежност на Општина Штип. Станува збор за шест месечни активности во кои групи на деца преку низа активности се вклучуваат во системот на предшколско образование. Преку оваа форма, во текот на оваа година мали ромчиња беа вклучени во некои градинки со цел адаптација за претстојниот процес на образование, како и неколкучасовен престој за деца во помали средини според систем на градинка. Комисијата за правата на детето го прифати барањето за реализација на програмата а сега останува Комисијата за финансии и Советот на Општината да се произнесат за висината на побараната финансиска поддршка.
|