| Одржана седница на Комисијата за урбанизам |
| Четврток, 18 Ноември 2010 17:52 | |||
|
Комисијата го прифати извештајот за работењето на ЈП „Исар“ –Штип од 01.07.2010 – 30.09.2010 како и извештајот за одржување на јавната чистота на ЈП„Исар“ Штип од 01.07.2010-30.09.2010. Беше разгледана и прифатена нацрт-одлуката за Детален урбанистички план за дел од нас.„Дузлак“ дел од УЕ 105(4,5 ха) Општина Штип како и барањето за одобрување на Нацрт документ за изготвување на програма за енергетска ефикасност на Општина Штип. Комисијата ја утврди и предлог – одлуката за измена и дополнување на одлуката за такси превоз на патници на подрачјето на Општина Штип а беше разгледана и информацијата за почитување и спроведување на решенијата за изменет режим на сообраќај. Барањето од жители на улица „Пиринска“ за поставување на објекти за успорување на сообраќајот (лежечки полицајци) исто така беше разгледано и заклучено дека за таква активност постои соодветна процедура која мора да биде испочитувана. На крајот, членовите на комисијата ја прифатија програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2011 година.
|