Дома Настани Штипјани масовно на „Ден на дрвото“ по 6-ти пат
Штипјани масовно на „Ден на дрвото“ по 6-ти пат
Понеделник, 22 Ноември 2010 10:40

Den_na_drvo-19112010-1Општина Штип ја спроведе успешно шестата по ред акција „Ден на дрвото“. Изминатите акции покажаа дека постои интерес кај граѓаните за пошумување на голините околу градот. Во Штип, во 6-тата акција беа засадени нови садници на површина од околу 46 хектари.

Пошумувањето се изврши Den_na_drvo-19112010-2кај регионалниот пат Велес – Радовиш однос кај месноста Калимерово а во акцијата беа засадени два типа на дрва: аризонски чемпрес кој е претставен контејнерски, значи со заштитен коренски систем и црн бор со гол корен.

При тоа, најголем дел беа обврска на Општина Штип (35 хектари) и истите беа засадени со садници од вработените во локалната самоуправа и од институциите кои се во нејзина надлежност.

Den_na_drvo-19112010-3Во акцијата учествуваше и Универзитетот „Гоце Делчев“ кој на планината Плачковица, близу арехолошкиот локалитет Баргала пошуми место со површина од 5.5 хектари наречено „Универзитетска шума“ и тука беа засадени садници со листопадни дрва.

И шумското стопанство Серта беше дел од оваа 6-та акција при што засади садници во месноста Кавакалија кај Криви Дол на површина од 5 хектари.

Во акцијата учество земааDen_na_drvo-19112010-4 вработените во локалната самоуправа, ученици од средните училишта, НУ Библотека „Гоце Делчев“, КПУ Затвор – Штип, СВР Штип, АРМ, Универзитетот Гоце Делчев (пошумување на локација Универзитетска шума), НВО, граѓани на Штип, итната медицинска помош и други.

Учениците од основните школи имаа сопствени активности кои се состоеја во пошумување на сопствените училишни дворови со листопадни садници од акцијата а детските градинки добија декоративни садници давајќи го својот удел во акцијата Засади ја својата иднина.

Den_na_drvo-19112010-5Den_na_drvo-19112010-6Den_na_drvo-19112010-7Den_na_drvo-19112010-8Den_na_drvo-19112010-9Den_na_drvo-19112010-10Den_na_drvo-19112010-11Den_na_drvo-19112010-12Den_na_drvo-19112010-13

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Light Rain Partly Cloudy Scattered T-Storms
15°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер