| Македонски новинари од Пустец (Албанија) на средба со градоначалникот |
| Вторник, 23 Ноември 2010 09:41 | |||
|
На средбата се разговараше за можната соработка - Имаме големи проблеми бидејќи знаете како сме претставени ние како Македонци таму - изјави Митревски кој напомена дека мора да се подобрат условите за живот на Македонците од оваа Општина во Албанија.
- Наша главна цел е да се запишеме како Македонци на пописот, да учиме на наш јазик во училиштата во Албанија. Тоа ќе биде голема придобивка за сите нас - изјави Мазенковски.
- Ова здружение од поодамна остварува соработка со Македонците од Пустец и знаеме какви се условите заради што сакаме да им помогнеме - изјави Тунев од „Македонски Егеј“. Градоначалникот Алексов вети помош за општината во текот на 2011 година, која ќе биде насочена материјално или финансиски за издавање на весникот „Преспа“.
|