| Проект: „Туризам без граници” |
| Среда, 05 Октомври 2011 13:26 | |
|
Водечки Партнер: Општина Ќустендил, Бугарија Партнери: Општина Штип, Македонија Општина Крива Паланка, Македонија
Времетраење (во месеци): 10 Целосен буџет (во евра): 299 648,42 Главна цел: Да се применува иновативен пристап за промоција на културни, историски и природни знаменитости во прекуграничниот регион и да се придонесе за развој на туризмот и економијата, социјалната интеграција и меѓународната економска и културна интеграција. Специфични цели: Ø Развој и имплементација на електронски платформи – 8 инфо – терминали, позиционирани во Ќустендил, Штип и Крива Паланка, поврзани во мрежа од специјализиран софтвер. Системот ќе овозможи пренос на информации од добавувачите на туристички услуги (локални власти, сопственици на туристичка инфраструктура, тур-оператори итн.) до вистинските потрошувачи (туристите). Инфо – терминалите исто така ќе овозможат полесно пребарување ( кој има монитор со екран на допир) со информации за туристички знаменитости во регионот, вклучувајќи и фотографии и опис, 24 часа на ден. Инфо – терминалите ќе овозможат правење на вистински (со интегрирани инфо – телефони) и онлајн резервации. Системот ќе вклучува специјални инфо-медиуми за посложено и подетално презентирање на регионот и на достапните туристички услуги. Ø Промовирање на можностите за електронски платформи и првично собирање на информации за базата на податоци на системот, со јавна промоција и активен маркетинг. Очекувани резултати од проектот: Ø 8 инсталирани инфо – терминали кои вклучуваат софтвер; Ø Развој на рекламната стратегија; Ø Проучување и идентификација на влегувања/ туристички места и лица/ за базата на податоци; Ø Основани партнерства помеѓу Општините Ќустендил, Штип и Крива Паланка во полето на туризмот во преку-граничниот регион;
|