Дома
Достава на Решенијата за данок на имот за 2020 година

Почитувани сограѓани, даночни обврзници

Ве информираме дека Општина Штип започна со достава на Решенијата за данок на имот за 2020 година преку курирската служба.

Следејќи ги потребите на граѓаните и заради навремена и поседноставна достава, од оваа година Општина Штип воведува нова пракса- електронска достава на Решенија за данок на имот и Решенија за комунална такса- фирмарина. За таа цел Ве повикуваме да испратите меил на адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите од Вашата електронска адреса на која сакате во иднина да ги добивате Решенијата. Во пораката треба да наведете целосно име и презиме, матичен или даночен број и адреса на даночниот обврзник. По добиената порака автоматски влегувате во електронската даночна база и во најктарок рок на Вашата е-маил адреса ќе го добиете Вашето даночно решение. Електронското доставување на Решенијата се однесува и на правни и на физички лица.

Во оваа прва фаза електронски ќе може само да го добиете Вашето Решение. За во иднина Општина Штип работи и на овозможување на електронско плаќање на даночните обврски.

Ве информираме дека и покрај воведувањето на електронското доставување ќе продолжи и доставата по принцип,,Решение на рака,,.

Веруваме дека оваа новина масовно ќе биде прифатена од граѓаните-даночни обврзници. Во меѓувреме Ве повикуваме редовно да си ги плаќате даночните обврски бидејќи сите тие средства се вложуваат во подобрување на условите за живот преку изградба на улици, тротоари, паркови, градинки и слично.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize