Дома Еднакви можности
Еднакви можности
Одржана работилница на Мултисекторските тимови на заедниците на Штип и Струмица во Дојран од 20-22 декември 2018
Среда, 16 Јануари 2019 13:23

Rabotilnia-Dojran-01            Во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“ кој го спроведува Едукативно хумантарната организација – ЕХО од Штип, а е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna till kvinna (Жена за жена) од Шведска, од 20 до 22 декември во Дојран се одржа тридневна работилнца на тема „ Родова сензибилизација на членовите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојчиња, жртви на насилство“.

Повеќе...
 
Одржана работна средба за изготвување на Годишна програма за еднакви можности на Општина Штип за 2019 година
Петок, 14 Декември 2018 14:31

GodisnaPrograma-01За успешно спроведување на родовата рамноправност и еднаквите можности, покрај постоењето и функционирањето на повеќе тела во рамки на Општината, како што се: Комисијата за еднакви можности на Општина Штип, Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, Локалната комисија за борба против трговија со луѓе, потребно е систематизирање и планирање на сите активности во стратешки документи, како што се Стратегија за родова рамноправност, Годишна програма за еднакви можности и сл. Со ваквите документи кои ќе ги донесе општината, со усвојување од страна на Светот ќе се дефинираат проекти и активности со точно утврдени цели, датум на реализација, крајни корисници, чинители кои ќе ги реализираат активностите итн.

Повеќе...
 
Презентација на добиени резултати од проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив, во насока на превенција на истите“
Среда, 05 Декември 2018 15:18

Rezultati-Proekt-SPB-01Во рамки на Годишната програма за еднакви можности на Општина Штип за 2018 година, која беше донесена Од Комисијата за еднакви можности и Совет на Општина Штип, беше предвидена и реализација на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално преносливи болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“.

Повеќе...
 
Одржана прес конференција за промовирање на локална кампања за заштита од дискриминација
Вторник, 04 Декември 2018 15:25

Kampanja-ZastitaOdDiskriminacija-01На 29 ноември во Општина Штип беше одржана прес конференција за промовирње на два спота за заштита од дискриминација, како дел од локалната кампања за заштита од дискриминација на локално ниво, која пак беше планирана со Локален акциски план за заштита од дискриминација на Општина Штип за 2018 година.

Повеќе...
 
Студиска посета на Штип од жени од Молдавија и Албанија
Петок, 09 Ноември 2018 13:53

StudiskaPoseta-01Во рамки на Програмата за градење на капацитети на невладините организации од Молдавија, Романија, Албанија и Македонија за родово одговорни анализи на локални политики и буџети, кој е финансиски поддржан од UN Women, Тело на Обединети Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, Штип се најде меѓу трите града од Р. Македонија, покрај Кочани и Свети Николе, кои беа посетени од жени претставнички на различни владини и граѓански структури од Молдавија и Романија.

Повеќе...
 
Одржана обука на педагошко - психолошките служби од основните и средните општински училишта во Општина Штип на тема: „Родово базирано насилство“
Вторник, 30 Октомври 2018 13:13

RodovoBaziranoNasilstvo-01Во рамки на Акциониот план за заштита од дискриминација на локално ниво на Општина Штип, кој беше донесен од Советот на Општина Штип, изготвен од Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, што е дел од проект на Асоцијацијата за здравствена едукација Х.Е.Р.А и Општина Штип, финансиски поддржан од Холандска амбасада во Република Македонија, на 30 октоври во општината се одржа обука за стручните служби на основните и средните општински училишта на тема:„Родово базирано насилство“.

Повеќе...
 
Одржана промоција на Индекс на родова рамноправност на општините во Република Македонија
Среда, 24 Октомври 2018 13:15

RodovIndeksНа 22 октомври 2018 година во Хотел Солун во Скопје беа презентирани резултатите од Индексот на родова рамноправност на општините во Република Македонија, подготвен од ЗГ Реактор – истражување во акција со поддршка на проектот од страна на УСАИД за граѓанско учество. На презентацијата учествуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, директорот на Канцеларијата за општи работи на УСАИД во РМ, Раул Гонзалес, претставници од здруженија на граѓани, како и координатори за еднакви можности на општините. Од Општина Штип присутни беа координаторот Снежана Санева и заменик координаторот за еднакви можности Марина Митревска.

Повеќе...
 
Одржана втора работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023
Понеделник, 08 Октомври 2018 11:09

StrategijaRR-2Rab-01Втората работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023 беше одржа на 24 и 25 септември во Берово. Истата започна со дополнување на SWOT анализата, која претходно беше изготвена на првата работилница, одржана на 17 септември во општината. Работилницата беше финансиски поддржана од телото на Обединетите нации за жени UN Women, а беше водена од Кристина Хаџи Василева, ангажиран консултан од UN Women, извршен директор на Консалтинг за стратешки разво и Боби Шарковски, претставник на Фондацијата за развој на локалната заедница.

Повеќе...
 
Одржана работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родова рамноправност 2018 - 2023 година на Општина Штип
Вторник, 18 Септември 2018 09:12

Strategija-RR-01Реализирањето на визија за градот секако го опфаќа концептот за еднаквост на сите граѓани на нашиот град. Тоа подразбира еднаков пристап до сите добра и услуги, еднаков третман на сите, отсусто на секаков вид на дискриминација и исклучување на било која група на граѓани. Штип треба да биде модерен град на слободоумни, отворени граѓани кои ги остваруваат своите права и обврски во една демократска атмосфера. Секој граѓанин може да ги даде своите предлози и идеи за подобра иднина на сите.

Повеќе...
 
Изгласан Акцискиот план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип
Вторник, 11 Септември 2018 11:43

ednkavi-moznosti-2Во рамки на проектот  „Заштита од дискриминација на локално  ниво“ кој се реализира со Х.Е.Р.А  - Асоцијација за здравствена едукација, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, во кој учествуваа неколку општини, меѓу кои и Општина Штип, произлезе заклучокот дека е добро,  за успешно спроведување на Законот за заштита и спречување на дискриминација  на локално ниво, да биде формирано Координативно тело за заштита од дискриминација, составено од членови од различни институции и од претставници од граѓанскиот сектор.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 1 од 3

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Февруари 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize