Дома Јавни набавки Отворање информативна сесија на ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка

Известување од Биро за јавни набавки

Почитувани,
По реакциите што ги добивме во неколку постапки за доделување на договор за јавни набавки што се спроведуваат по електронски пат, Ве информираме за одредени технички проблеми со кои би можеле да се соочите при спроведувањето на истите. Документите кои понудувачите ги прикачуваат на системот (пр. техничка понуда, финансиска понуда итн.) а се изработени во MS Office 2007 и се дигитално потпишани, потребно е да се отвораат во MS Office 2007 бидејќи  доколку истите се отвараат во програмскиот пакет MS Office 2003, прикачениот дигитален сертификат на документот не може да се види и отаму може погрешно да се заклучи дека документите не се потпишани.
Со цел да се избегнат ваквите проблеми Ве молиме отварањето на понудите доставени по електронски пат да го спроведувате во MS Office 2007.Овој проблем не е поврзан со користењето на електронскиот систем за јавни набавки или со самите дигитални сертификати туку е во врска со функционирањето и компатибилноста на самите производи на Microsoft.
Оваа препорака е потенцирана во прирачниците за користењето на ЕСЈН и беше посочена на обуките кои ги одржа Бирото наменети за ЕСЈН.
Ве молиме при спроведување на постапките по електронски пат да ја имате во предвид горенаведената напомена.

Со почит,
Биро за јавни набавки

Отворање информативна сесија на ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка
Среда, 21 Февруари 2018 12:36

INTERREG-IPA-1Денеска градоначалникот на Општина Штип ја отвори информативната сесија на објавениот втор јавен повик за прибирање предлог-проекти за ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

„Програмата е навистина INTERREG-IPA-2за поздравување и нуди одлични можности, како за Општините, така и за сите останати заинтересирани страни, образовни институции, здравствени установи, јавни претпријатија, невладини организации и останати организации кои нудат поддршка на бизнис секторот, заеднички да подготвуваат и реализираат проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, развојот на туризмот и подобрувањето на конкурентоста на регионалните бизниси,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговото поздравно обраќање.

INTERREG-IPA-4„Како Општина Штип аплицираме, активно учествуваме и соработуваме многу со бугарските општини. Имаме одлична соработка и надвор од овој проект со Општина Гоце Делчев. А, во делот на овој повик, ќе аплицираме со два проекти: целосна реконструкција на клон „Пчелка“ при градинката „Вера Циривири Трена“, при што целосно ќе ја замениме фасадата и начинот на загревање, со што ќе добиеме енергетски ефикасен објект; ќе аплицираме за уште еден проект за заштита од пожари за одобрување противпожарно возило и сета противпожарна опрема, за да ги заштитиме граѓаните од вакви непогоди,“ кажа во изјава за медиумите градоначалникот Бочварски.

Со општата цел на Програмата за зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу институциите и населението во регионот ќе се обезбеди надминување и изнаоѓање адекватни решенија за заеднички приоритетни прашања.

 INTERREG-IPA-3

--


 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јуни 2018
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize