Дома Јавни претпријатија
Јавни претпријатија
ЈП Штип Проект

Ј.П. за урбанизам, уредување на градежно земјиште "Штип - Проект" - Штип е основано од страна на Советот на општина Штип на 11.03.1998 година, а практично почнува да функионира и работи од 09.05.1998 година.

 

Ј.П."Штип Прокет" - Штип работи како правно лице од посебен општествен интерес за општина Штип во чиј состав се следниве работни единици:

 
 
  • работна единица за урбанизам
  • работна единица за геодезија
  • работна единица за уредување на градежно земјиште
  • работна единица за одржување сообракајници
  • финансиско - материјална служба
  • правна служба


Ј.П. "Штип Проект" ги врши следниве дејности:
stip-proekt_ulici_resize

  • изработување на урбанистички план за општина Штип, изготвување на техничка документација во врска со реализацијата на урбанистичките планови и геодетски работи во врска со урбанистичките планови, урбанистичко планирање и реализација;
  • уредување на градежно земјиште;
  • уредување и одржување на улици и сообраќајници;
  • останати неспомнати комунални дејности.

Финансирањето на основните дејности (уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на улици и сообраќајници, останати неспоменати комунални дејности) се врши од собраните средства од надоместок за уредување на градежно земјиште, дел од распределени средства од општински фонд за патишта и улици и од други услуги извршени за правни и физички лица.

Финансирањето на урбанистичките планови се врши од Општинскиот буџет, и од други приходи остварени преку вршење на услуги на граѓани и останати правни лица.
Вработените во ЈП Штип - Проект, како надлежни за спроведување на Програмата за уредување на градежно земјиште својата активност ја насочуваат кон спроведување на програмата која представува обврска на ЈП.

Извршувањето на задачите опфатени со програмата преставуваат континуиран процес кој се одвива перманентно создавајќи процеси и можности за реализација на програмските задачи.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 2 од 2

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize