Дома Настани Чествување на 11 Октомври Ден на народното востание
Чествување на 11 Октомври Ден на народното востание
Четврток, 11 Октомври 2018 13:12

Cestvuvanje-11Oktomvri-01Денеска Општина Штип заедно со Сојуз на борци на Штип и Карбинци го чествуваше Денот на народното востание – 11 Октомври. Делегација од Општина Штип предводена од секретарот Соња Китанова положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата на штипската тврдина Исар. На оваа манифестација присуствуваа и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Совет на Општина Штип, делегација од Општина Карбинци предводена од градоначалникот Јордан Насев, Собрание на Република Македонија, политички партии и останати.

Во големата сала на СоветCestvuvanje-11Oktomvri-02 на Општина Штип се одржа Свечена седница на општинската конференција на Сојуз на борци Штип, каде пред присутните се обрати Билјана Казанџиска како претставник од Општина Штип.

„ 11 Октомври 1941 година е датум кој засекогаш ќе биде врежан во историските записи и ќе остане сведоштво за одлуката да се спротиставиме на секој окупатор кој непоканет ќе дојде овде и ќе ни ја запоседне нашата територија. Истрелот кој одекна на 11 Октомври беше историски истрел. Тој ги следеше и во себе ги обедини сите истрели на македонскиот народ во борбата за својата државност,“ рече Казанџиска.

Општина Штип и во иднина ќе ги чествува датумите како 11 Октомври, 2 Август, 8 Септември и многу други важни датуми од историјата за градот и државата кои не потсетуваат на историските чекори на нашите предци. 

Cestvuvanje-11Oktomvri-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize