Дома Настани Увид во градежни активности на детска градинка во населба Сењак
Увид во градежни активности на детска градинка во населба Сењак
Четврток, 18 Април 2019 14:49

Uvid-GradinkaSenjak-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерката  за труд и социјална политика, Мила Царовска извршија увид во градежните активности кај новата детска градинка во населба Сењак.

Се работи за проект којшто чини околу 930.000 евра, пари од Општина Штип, Биро за регионален и рамномерен развој и Министерство за труд и социјална политика.

Оваа градинка ќе биде со капацитет за околу 200 дечиња, со што дополнително се решава прашањето за сместување на дечињата во детски градинки на уште 200 фамилии од Штип.

Градинката треба да биде комплетно готова во септември оваа година.

 „Започнавме лани во септември и отчекуваме овој септември или октомври да биде готова оваа детска градинка и веднаш да почнеме со поставување на опремата внатре, со што во најкус можен рок ќе биде ставена во функција,“ кажа градоначалникот Бочварски.

„Денеска сум во посета на Општина Штип и Општина Кочани кадешто ги гледам градинките, објектите, центрите за социјална работа се со цел да се утврди динамиката и развојот на имплементација на реформите коишто се спроведуваат во Министерството за труд и социјална политика,“ дополни Царовска.

Министерката Царовска заедно со градоначалникот Бочварски по увидот, ги посетија Здружението на инвалидни лица и Здружението на пензионери.

 Uvid-GradinkaSenjak-02

Uvid-GradinkaSenjak-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize