Дома Настани Свечена академија по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
Свечена академија по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“
Четврток, 23 Мај 2019 13:55

KirilIMetodij-01Имам посебна чест и задоволство најпрво да ви го честитам претстојниот празник Св. Кирил и Методиј, денот на сесловенските просветители. Овој ден, é ѝ момент за потсетување и упатување благодарност кон нашите апостоли, светите браќа просветители кои ни ја дадоа азбуката а за Вас како просветни работници кои со векови го продолжувате нивното дело и секојдневно описменувате геренерации млади луѓе, е посебно светол датум.

Првото словенско писмо (глаголицата) е оригинално дело на Константин Филозоф, тоа е сублимат на искуството и придобивките на другите народи, преку принципите валидни за веќе постојните графички системи, кои биле употребувани многу векови пред појавата на словенското писмо.

„Словените и пред покрстувањето се обидувале да ги пишуваат со латински и грчки букви своите имиња и своите зборови. Но за некои словенски гласови во тие писма немало посебни знаци-букви. Токму тогаш заради Моравската мисија од страна на Константин било создадено новото фонетско писмо кое имало знаци-буква за секој словенски глас“ ќе истакне нивниот ученик Црноризец Храбар во трактатот „ О писменех“ .

Новото писмо, благодарение на исклучителниот лингвистички сенс на својот инвентор, верно ги предава словенските фонетски особености, а истовремено носи длабок печат на христијанските симболи и значаен белег на своето време.

KirilIMetodij-02

Борбата на светите апостоли, браќата Кирил и Методиј против тогаш застапената теорија и практика за еврејската, грчка и латинска доминација, немала само просветителска и теолошки кауза, туку претствува и политичко-културолошка борба и силна одбрана против асимилацијата. Во тоа време да се избориш за правото на јазик и писмо, значело да добиеш свој културно-историски печат и идентитет. Затоа безрезервно можеме да истакнеме дека Светите браќа Кирил и Методиј се духовни и просветни градители, тие се творци кои ги поставија темелите на традицијата кои Вие просветните работници, пожртвувано и секојдневно ја продолжувате низ генерациите што идат.

Вашите успеси за кои денес Општина Штип Ви оддава признание се само доказ и показ за истрајноста и пожртвуваноста но и за светоста на Вашата професија. Постигнувате успеси на сите полиња и градите личности кои ќе ја продолжат изградбата на ова општество.

Вашата благородна професија е ненадминлива. Секојдневно се соочувате со нови и сложени предизвици честопати и неправди. Но ја знам и вашата несебична заложба, да воспитате и образувате успешни генерации, успешни граѓани кои понатаму ќе го градат нашето општество. И сосема е на место познатата изрека на борецот за човекови права Нелсон Мендела кој вели: „ Образованието е најмоќното оружје коешто можете да го искористите за да го промените светот“. Вие, мои драги просветители секојдневно тоа го правите.

Затоа дозволете ми, како градоначалник на овој град, со една мало признание и поклон пред Вас да ја искажам мојата огромна благодарност и почит кон Вас и кон Вашите остварени успеси во воспитно-образовниот процес.

 KirilIMetodij-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Август 2019
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize