Дома Настани Јавна расправа за брана на реката Отиња
Јавна расправа за брана на реката Отиња
Петок, 21 Јуни 2019 13:26

Brana-Otinja-01Денеска во Општина Штип се одржа јавна расправа за изградба на брана на реката Отиња, на која присуствуваа, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставници од двете јавни претпријатија, претставници од Општина Штип од одделението за животна средина и урбанизам како и заинтерсирани граѓани.

На почетокот на оваа јавна расправа претставник од јавното претпријатие Стипион 2011 го образложи Деталниот урбанистички план за изградба на оваа Брана.

„Овој проект е од суштинско значење на оваа локална власт и уште од самиот почеток на мојот мандат работам на целосна реализација и изградба на овој објект.

Се работи за објект којшто 40 години е тема на дискусија во јавноста и потреба на граѓаните на општина Штип,“ изјави Бочварски.

Основниот проект за брана на реката Отиња веќе е во фаза на печатење со што Општина Штип ќе има испечатен основен проект со потпишана ревизија.

Brana-Otinja-02

Деталниот урбанистички план е во финална фаза и третиот столб за изградба на овој објект е студијата за животна средина којшто е во финална фаза.

После сите рокови и документации Општина Штип ќе добие комплет којшто ќе оди на одобрување во Министерство за транспорт и врски.

Се работи за брана од 3 милиони метри кубни вода со основна намена за заштита од поплави во градот.

Brana-Otinja-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize