Дома Настани Одобрени средства за асфалтирање на локален пат кон село Почивало
Одобрени средства за асфалтирање на локален пат кон село Почивало
Понеделник, 01 Јули 2019 14:19

Pochivalo-pat-01Општина Штип доби средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во висина од 20 милиони денари кои ќе бидат наменети за асфалтирање на дел од локалниот пат кон село Почивало, во должина од 4 километри или 14.000 метри квадратни.

Се работи за пат кој беше долгогодишно барање на жителите во тие села, заради побезбедно движење до своите домови.

„Се работи за најтешката делница од овој пат, за којашто во контакт со граѓаните дојдов до сознание дека е најприоритетна и дека тоа е нешто коешто навистина и било потребно, со цел да можат непречено да функционираат.

Ние го добивме писмото преку коешто ни се одобруваат 20 милиони денари плус ДДВ, тоа би изнесувало 23.600.000 денари или околу 390.000 евра, средства за изградба на овој локален пат,“ изјави Бочварски.

Општина Штип ќе распише јавна набавка за избор на најповолен понудувач кој ќе ги врши градежните работи на овој локален пат Шашаварлија – Кошево – Почивало.

Pochivalo-pat-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize