Дома Настани Асфалтирање на прва фаза од обиколница
Асфалтирање на прва фаза од обиколница
Четврток, 04 Јули 2019 14:41

Obikolnica-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во започнатите градежни активности за асфалтирање на првата фаза од обиколницата.

Обиколницата претставува многу важен проект којшто ќе овозмoжи растеретување на сообраќајниот метеж во градот.

„Веќе завршивме со втората фаза и со изработката на кружниот тек и целосно асфалтирање и поставување на сите тротоари. Наскоро ќе продолжиме на таа фаза и со уличното осветлување.

Овде на оваа прва фаза вчера и денеска веќе работиме на асфалтирање на 4650 метри квадратни асфалтна површина, односно вториот слој којшто не беше поставен и еве сега го поставуваме.

Втората фаза со кружниот тек имаше површина од 5960 метри квадратни и оваа 4650, доаѓаме до бројка од 10.600 метри квадратни.

Сумата на чинење е 46.000.000 денари на оваа прва фаза, заедно со мостот, поставување на асфалт и еден тротоар, а додека втората фаза чинеше 11.000.000 денари и целиот проект е 57.000.000 денари,“ изјави Бочварски.

Општина Штип продолжува да инвестира во инфраструктурата којашто го дава развојот на Штип.

Obikolnica-02

Obikolnica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize