Дома Настани Реализација на проектот Брана на река Отиња
Реализација на проектот Брана на река Отиња
Сабота, 06 Јули 2019 19:14

Brana-Otinja-01Денес испишуваме историја за Штип!
Денес свечено го пуштивме во употреба автопатот Штип – Миладиновци, со кој Штип е директно автопатски поврзан со цела Европа.

Но, денес исто така се отвора еден нов пат за реализација на еден од најзначајните капитални проекти за Штип.

Проектот за изградба на брана на реката Отиња ќе биде реализиран, и тоа благодарение на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Заев.

Овој проект е мошне значаен. Станува збор за повеќедеценискиот сон на сите штипјани.
Уште пред повеќе од 35 години изградбата на брана на река Отиња е желба и потреба на градот.

Актуелниот Основен проект е започнат од Општина Штип во 2003 година, но се губи трага на секоја желба и волја за реализација на овој проект некаде во 2009 година. Дури и слушавме во минатото дека од одредени структури имало иницијативи за оваа брана да биде избришана од ГУП на Штип.

Впрочем, кога прв пат влегов во оваа зграда како градоначалник на Општина Штип, проектот за оваа брана го немаше. Не можевме никаде да го најдеме. Всушност тој не бил ни завршен, бил изработен само еден дел од него. Во изминатата година и пол, колку што сум градоначалник, вложив многу труд и енергија за овој капитален и стратешки важен проект за Штип да го поместам од нулта точка. Денес проектот е завршен и иновиран од страна на Гадежен факултет Скопје, со позитивна ревизија од ГИМ.

Комплетната техничка документација за оваа брана се состои од три столба:

  1. Основен проект, кој го имаме завршен, со ревизија, а е инвестиција на Општина Штип;
  2. Студија за заштита на животната средина, која е во финална фаза, а е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  3. Доработка на Детален Урбанистички План за брана на река Отиња, којшто е во финална фаза.

Со сите овие документации, наскоро ќе извадиме градежно одобрение за изградба на брана на река Отиња и ќе се создадат сите предуслови за отпочнување со градење.

Почитувани граѓани,

Досега сме имале само ветувања, желби, но некогаш и објективни пречки и опструкции за реализацијата на овој проект.

Епа, дојде денот кога ставаме и официјална, запечатена потврда за дефинитивната реализација на овој проект.

Денес потврдуваме: зборот важи – брана на реката Отиња ќе има!

Brana-Otinja-02

Оваа брана е особено значајна за растот и развојот на Штип.
Оваа брана ќе направи од Штип атрактивно туристичко место, но и ќе создаде значаен простор за спорт и рекреација на населението, затоа што улицата која поминува преку трупот на браната ќе ги поврзе двете спортски локации, Суитлак и игралиштето во Блок 2000.

Оваа брана ќе го заштити градот од поплави, ќе ги намали високите летни температури, но и ќе ги зголеми зимските температури, ќе создаде биолошки минимум во коритото на р.Отиња, ќе се користи за наводнување на зелени површини и многу други придобивки. Во втора фаза веднаш после изградбата ќе ја разработуваме и можноста за овој објект да произведува електрична енергија, а со тоа да стане и самоодржлив. (чекам потврда од ГИМ за оваа работа)

Очекувам дека оваа брана ќе биде една од развојните компоненти на Штип во наредните години.

Почитуван Претседател на Владата, во име на сите граѓани на Општина Штип Ви благодарам, Ви благодарам затоа што имавте и имате слух, затоа што давате поддршка за изградба на најважниот проект за мојот град. Штипјани ќе знаат да го ценат овој потег на оваа политичка гарнитура !

Би сакал да се заблагодарам и на довчерашниот министер за Земјоделство Шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, но и на сегашниот министер Трајан Димковски за нивната посветеност за проектот брана Отиња.

Почитувани граѓани,

Сите ние овде, продолжуваме да работиме вредно и посветено на остварување на овој наш заеднички сон.

Чекориме напред кон уште поголеми успеси и унапредување на секојдневието и квалитетот на живот во градот.

Brana-Otinja-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize