Дома Настани Увид во работни активности за поставување на водовод на улица „Сутјеска“
Увид во работни активности за поставување на водовод на улица „Сутјеска“
Вторник, 20 Август 2019 13:20

Vodovod-ulSutjeska-01ЈП „Исар“ во изминатиот период работеше на целосна реконструкција на водоводната линија на улица „Сутјеска“. Ова беше долгогодишен проблем на граѓаните и локалната власт се зафати со решавање на истиот.

Се работи за обнова на 310 метри главна водоводна линија, 350 метри сервисна линија и 230 метри приклучни врски за нови 40 домакинства на улиците „Никола Тесла“, „Пролетерска“ и „Астибо“.

„Овде изработивме 900 метри должни нова водоводна линија со нови цевки, бидејќи оваа улица беше премногу проблематична.

Граѓаните овде често се соочуваа со проблеми да пукаат водоводните цевки, да нема притисок многу често и да нема воопшто вода за пиење.

Целата инвестиција е доста голема, тоа е околу 4,2 милиони денари или околу 70.000 евра инвестиција на Општина Штип заедно со ЈП „Исар“,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип во идниот период ќе пристапи со асфалтирање на оваа улица, со што целовкупната инвестиција за оваа улица ќе биде околу 100.000 евра.

Vodovod-ulSutjeska-02

Vodovod-ulSutjeska-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize