Дома Настани Оглас за Општинско корисна работа
Оглас за Општинско корисна работа
Среда, 21 Август 2019 15:33

Општина Штип  го доби проектот „Одговорна општина која се грижи за потребите на граѓаните“, согласно  Програмата „Општинско корисна работа“ - како дел од Оперативниот план за услуги и активни програми и мерки за вработување на Владата на Република Северна Македонија  за 2019 година во делот на финасиската поддршка на Оперативен план од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка .

За реализираните проектните активности одобрени се 540.000, денари.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ по проект „Одговорна општина која се грижи за потребите на граѓаните“  имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа се однесуваат на следните целни групи невработени лица:

 

- Роми корисници на Гарантирана Минимална Помош (ГМП) и

- Лица со попреченост

 

Кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000, денари месечно за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

 

- Испорачувач на сервисни услуги на стари и изнемоштени лица, лица со инвалидитет и лица со попреченост во домашни услови и надвор од домот, 6 извршители, со најмалку основно образование, и времетраење на работниот ангажман - 6 месеци; 

- Поддржувач  на стручните служби на училиштата за поврзување со семејствата и вклучување на деца Роми во образовниот процес, 2 извршители со најмалку основно образование, и времетраење на работниот ангажман - 6 месеци; 

- Поддржувачи  на Патронажните служби и обезбедување на влез на службите во  ромските семејства за вршење на здравствена едукација, 2 извршители со најмалку основно образование, и времетраење на работниот ангажман - 6 месеци; 

 

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ во Агенција за вработување - Центар за вработување - Штип  во периодот од 21.08.2019 година до 30.08.2019  година од 08:00 до 14:00 часот.

 

Истовремено Општина Штип објавува оглас за крајни корисници - Стари и изнемоштени лица и лица со инвалидитет како корисници на сервисни услуги во домашни услови.

 

 

На лицата ќе им бидат испорачани следниве  видови на сервисни услуги:

-  Помош и поддршка за извршување на секојдневните активности;

-  Одржување на домот

- Придружба и помош при посета на културни настани, прошетки и екскурзии;

 

Потребни документи:

 

- Пријава за учество во програмата Општинско-корисна работа, ОКР-СДЦ 2019;

- Медицинска документација, решение за инвалидитет, наод и мислење –  

  фотокопија;

 

        Заинтересираните лица пополнетата пријава и потребните документи ги доставуваат во Архива на Општина Штип.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize