Дома Настани Увид во градежни активности на експресен пат Штип-Радовиш
Увид во градежни активности на експресен пат Штип-Радовиш
Понеделник, 16 Септември 2019 14:07

Увид во градежни активности на експресен пат Штип-РадовишДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов, градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Милевка Горѓиева извршија увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е со вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година.

Со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе се подигне животниот стандард на преку 170 илјади жители на овој регион, а ќе се овозможи и бенефит за околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие региони.

Градоначалникот Бочварски, истакна дека изградбата на овој експресен пат и реконструкцијата на целокупната патна мрежа значително ќе влијаат врз локалниот и регионалниот економски развој. 

Увид во градежни активности на експресен пат Штип-РадовишУвид во градежни активности на експресен пат Штип-Радовиш

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Февруари 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize