Дома Настани Јавна расправа за стратегија за ЛЕР
Јавна расправа за стратегија за ЛЕР
Понеделник, 07 Октомври 2019 13:15

Strategija-LER-01Денеска во сала на Совет на Општина Штип се одржа јавна расправа за стратегијата за Локален економски развој 2019-2024 година. На оваа јавна расправа присуствуваа претставници од НВО секторот, претставници од бизнис секторот, вработени во Општина Штип, претставници од јавните претпријатија како и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Градоначалникот Бочварски во своето излагање потенцираше дека стратегијата е изготвена како заеднички труд на сите засегнати страни и преку широка консултација е планирано да биде имплементирана врз принципите на: законитост, прифатливост, чувство на сопственост, одржливост, квалитет, ефикасност и ефективност, насочен процес на планирање на развојот, сеопфатно планирање на развојот како и практики на добро владеење.

„Како локална самоуправа мора да размислуваме на долгорочен план за развој на нашиот град, затоа денеска ќе дебатираме за оваа стратегија во којашто ќе стојат предлозите  и идеите на повеќе засегнати страни за напредокот на Општина Штип,“ изјави Бочварски.

Стратегија за локален економски развој допринесува кон стремежот за севкупен економски раст и просперитетна иднина за сите граѓани и во неа се вклучени сите параметри кои имаат значајно влијание врз економскиот развој на Општина Штип, тргнувајќи од основните фактори за стопанисување, па до можностите какви расположливи ресурси нуди општината со цел да дојдеме до финалните компоненти: генерирање на стабилен раст кај стопанските субјекти, зајакнување и зголемување на вработливоста кај младите, намалената невработеност, подигање на животниот стандард и позитивните економски перспективи на Општина Штип.

Strategija-LER-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize