Дома Настани Посета на Славик Фарм
Посета на Славик Фарм
Четврток, 05 Декември 2019 13:19

SlavikFarm-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителот на ПЕ на земјоделие, на покана на сопственикот на фармата Славик Фарм извршија увид во работата на истата.

Славик Фарм е позитивен пример за тоа како една успешна земјоделска фарма може да аплицира и да добие поддршка од Владата и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за понатамошен развој на сопствениот бизнис.

Сопственикот е добитник на грант од ИПАРД 2 програмата за приклучна механизација во висина од околу 110.000 евра.

Градоначалникот Бочварски во изјавата потенцираше дека Владата и Министерството ги знаат потребите на земјоделците и со мерките кои се спроведуваат, се поттикнуваат сите земјоделци да аплицираат за било каква помош.

Раководителот Иванов, истакна дека значително се подобрени условите за земјоделците особено за младите кои може да аплицираат и да добијат грант во висина од 20.000 евра.

SlavikFarm-02

SlavikFarm-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Август 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize