Дома Настани Реконструкција на тротоар на улица Кирил и Методиј
Реконструкција на тротоар на улица Кирил и Методиј
Среда, 26 Февруари 2020 13:55

UlKirilIMetodij-01Локалната самоуправа започна со реконструкција на пешачката површина на улицата Кирил и Меториј, кај Саат Кулата или познатата стара чаршија. Овој тротоар беше во дотраена состојбаи тешко прооден за пешаците, па така со реконструкцијата граѓаните ќе добијат нова и безбедна пешачка површина.

Градоначалникот Бочварски изврши увид во работните активности на изведувачот кои се движат со голема динамика.

„Се работи за тротоар којшто беше во лоша состојба и по барање на граѓаните ќе го реконструираме. Околу 600 метри квадратни ќе добијат нова и проодна површина, а инвестицијата ќе биде околу 800.000 денари,“ потенцираше Бочварски.

Општина Штип интензивно работи на неколку патни инфраструктури. Ќе се рехабилитира улицата Тошо Арсов кај хотел „Оаза“, улицата Љубен Иванов што води до штипската болница, ќе се асфалтира паркинг просторот позади пензионерскиот дом, дел од Булевар ЈНА кај училиштето „Тошо Арсов“, улицата Сајбие Демир кај новата детска градинка.

Дополнително штипјани ќе добијат нова паркинг платформа во централното градско подрачје кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“.

Мостот на река Брегалница наскоро ќе биде пуштен во употреба и граѓаните ќе имаат големо растеретување во сообраќајот во тој дел од градот.

UlKirilIMetodij-02

UlKirilIMetodij-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize