Дома Настани Општина Штип, ги спроведува донесените одлуки на состанокот на Општински штаб за заштита и спасување
Општина Штип, ги спроведува донесените одлуки на состанокот на Општински штаб за заштита и спасување
Четврток, 19 Март 2020 18:10

SprobeduvanjeOdlukiОпштина Штип после координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување од денеска ги спроведува донесените одлуки.

Се превземаат сите мерки во насока на заштита на здравјето на граѓаните, здравствените работници, полицијата, новинарите, текстилните работнички.

„Успеавме да обезбедиме материјал за шиење на 20.000 заштитни маски за нашите граѓани. Веќе од утре неколку штипски компании започнуваат да шијат 6000 маски, а дополнително разговараме со уште неколку конфекции коишто ќе излезат во пресрет и ќе продолжат со шиење на уште 14.000 заштитни маски за граѓаните. Овие маски се за повеќекранта употреба и граѓаните можат да ги перат и повторно да ги употребуваат,“ изјави градоначалникот Благој Бочварски.

Општина Штип изразува благодарност до текстилните компании „Ларс“, „ВАБО“ и „ЕАМ“ коишто имаат постојана координација и комуникација со Општина Штип во овие важни моменти.

Заштитните маски ќе бидат доделени на здравствените работници, на полицајците, на текстилните работнички, на пензионеритеновинарите со што ќе излеземе во пресрет за безбедноста и здравјето на нашите граѓани.

„Заедно со Претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов остварвме средба со советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов и Љубе Здравков кадешто ги информирав за сите одлуки и заклучоци кои беа донесени на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Како прв човек во градот и на овој кризен штаб, ќе бидам во тесна комуникација со Советот на Општина Штип и советничките групи од власта и опозицијата. Очекувам сериозност, смиреност и дисциплина од сите граѓани и сите политички чинители. Убеден сум дека Штип ќе одговори на предизвикот во овие клучни моменти,“ дополни Бочварски.

Општина Штип продолжува со сите мерки на превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Континуирано се дезинфицираат сите улици, јавно прометни површини и паркови, со возилата на Општина Штип но и со неколку земјоделски машини кои се во сопственост на приватни компании и се ставени на располагање на Општината.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize