Дома Настани Пунктови за дезинфекција на возила на влезовите во Штип, Општина Штип
Пунктови за дезинфекција на возила на влезовите во Штип, Општина Штип
Среда, 01 Април 2020 14:27

PunktDezinfekcija 2Денеска се ставени два од три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општина Штип. Тоа се влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“ и дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип поточно кај индустриската зона „Македонка“.

„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“.

Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Полицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.

Општина Штип искажува благодарност на три градежни компании коишто излегоа во пресрет на Општината и брзо и ефикасно ги изградија овие пунктови, а тоа се : Коле Транс Инжинеринг, БАУ Инжинеринг и Пелагонија инжинеринг.

PonktDezinfekcija 1

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize