Дома Настани Одбележување на 79 години од бомбардирањето на Штип,
Одбележување на 79 години од бомбардирањето на Штип,
Понеделник, 06 Април 2020 16:27

Bombardiranje-2Денеска се одбележа 79 години од бомбардирањето на Штип во втората светска војна, од страна на фашистичкиот окупатор.

Поради вонредната состојба и ситуацијата со вируост Ковид 19, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски придружуван од двајца членови на Сојузот на борци во Штип, положија цвеќе пред споменикот кај Народниот театар.

„Пред 79 години градот бил нападнат од фашистичкиот окупатор, од германските борбени авиони коишто го уништиле градот и имало многу човечки жртви.

Изразуваме почит кон оние кои ги дале своите животи во минатото, со една единствена цел, да имаме слободна, независна и суверена држава, тоа што го денеска имаме,“ изјави Бочварски.

После 79 години од бомбардирањето на Штип, денес нашата земја е членка на НАТО алијансата, најсилниот гарант за стабилноста и безбедноста на државата.

Bombardiranje-01

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2020
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize