
Во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во источниот дел на Република Северна Македонија се наоѓа Општина Штип.
Лоциран меѓу височините на Исарот, Мерите и Кумлакот, по должината на двата брега на суводолицата Отиња се простира нашиот град што е источен македонски центар и еден од најстарите македонски градови. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на површина од 893 км2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители.
Штип е центар на Источно - планскиот регион и се граничи со седум општини.
Основни информации:
- површина: 893 км2
- површина на градот:13,5 км2
- населби: 34
- број на жители во општината: 47 798
- број на жители во градот: 42 625
- основни училишта: 4
- подрачни училишта: 2
- средни училишта: 5
- универзитет: 1
- радио станици: 5
- тв станици: 2
- клинички центар: 1
- индустриска зона: 1
- аеродром: 1
|