Саат кула

saatШтипската Саат - кула е споменик на културата од 17 век и е под заштита на државата. Штипјани ја знаат како Саат - кула, а таа е, всушност, Бегова кула. Историјата укажува дека кулата била изградена од турски бег, кој живеел во Штип, но неговото име не останало запишано. Тој ја направил кулата за да го заштити семејството во кризни времиња. На објектот имало и пушкарници и балкон, а еден век подоцна на кулата бил поставен и часовен механизам. Дел од кулата бил урнат во 1934 год. Според едни толкувања, уривањето било од безбедносни причини. Според други, тоа било резултат на немирот кај пошироката околина од силното отчукување на часовникот.

Според ракопис на еден од одржувачите на Саат - кулата, таа датира од 1650 година и е поврзана со легенда. Некој турски бег се заљубил во убавата штипјанка Анка. Сакал да ја потурчи и во тоа бил мошне упорен. Таа за да се ослободи од него, рекла дека ќе се потурчи, но тој за возврат на градот како сеќавање да остави убав спомен. На пример, една кула која ќе биде и градски саат. Анка мислела дека бегот ќе се откаже од нејзината љубов. Меѓутоа, Турчинот, бидејќи бил заљубен во убавата Анка, за сосема кусо време ја изградил кулата и ја одвел со себе младата Штипјанка.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize