|
Петок, 17 Февруари 2012 10:14 |
|
Градоначалникот на Општина Штип во рамките на своите ингеренции, после вонредното одвивање на наставата кое беше предизвикано од временските прилики, одлучи од понеделник 20 февруари 2012 година сите училишта во општина Штип да отпочнат со нормално одвивање на наставата.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Среда, 15 Февруари 2012 14:01 |
|
Согласно Правилникот за начинот и постапката за добивање одобрение за поставување на урбана опрема и нејзино отстранување, барателот е должен да достави елаборат изготвен од лиценцирана фирма, еве овие се фирми од Штип
|
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 14 Февруари 2012 13:31 |
Почитувани, Дозволете ми од лично име и од име на Општина Штип да Ви го честитам христијанскиот празник. Свети Трифун. Неговата историја е вкоренета во нашата црква, кога со генерации се крштевала „Трипунска вода“ за која се верувало дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи и дека истата ќе им донесе бериќет и плодоносна година на лозарите и градинарите.
|
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 14 Февруари 2012 13:23 |
Драги штипјани, На овој празник на лозарите ќе се присетиме на познатата латинска изрека која вели дека во виното е вистината, но јас би додала дека во традицијата е нашиот вековен опстанок, која е дел од историјата но и од нашите надежи за подобра утрешнина.
|
|
Повеќе...
|
|
Понеделник, 13 Февруари 2012 17:36 |
|
На ден 22.02.2012 година во малата сала на советот на Општина Штип, со почеток во 11:00 часот ќе се изврши презентација на Студијата за оцената на влијанието врз животната средина и Инвестиционо техничката документација за автопатско решение на Магистралниот пат М – 5, делница:Граница со Р. Бугарија – Делчево – Кочани – Штип – Велес (Отавица).
|
|
Повеќе...
|
|
Понеделник, 13 Февруари 2012 13:21 |
 Согласно одлуката на Владата на РМ за прогласување на кризна електроенергетска состојба и преземање на неколку превентивни мерки за одржување на стабилноста и сигурноста на електроенергетскиот систем на државата, следејќи ги препораките до општините во државата, Општина Штип ги известува граѓаните на Штип за следните преземени активности.
|
|
Повеќе...
|
|
Петок, 10 Февруари 2012 10:48 |
 Новите наноси на снег во вечерните и ноќните часови предизвикаа нови проблеми во одвивање на сообраќајот. Од синоќа екипи на ЈП „Штип проект“ се на терен, со цел овозможување на услови за непречено одвивање на сообраќајот. Само во текот на ноќта фрлени се 16 тони абразивен материјал (сол и песок). Оспособени за сообраќај се прво главните улици во централното градско подрачје а во текот на денот ќе следи чистење и на споредните улици.
|
|
Повеќе...
|
|
Среда, 08 Февруари 2012 11:08 |
 Легализацијата на дивоградбите согласно Законот за легализација на бесправно изградени објекти во Штип се одвива без проблеми. И покрај ниските темперетури и снегот, комисиите се на терен со цел спроведување на постапките за легализација.
|
|
Повеќе...
|
|
Четврток, 02 Февруари 2012 10:44 |
 Општина Штип и студио „Фотомак“ објавуваат конкурс за фотографија на тема: „ФОТОГРАФИЈАТА ГОВОРИ ЗА МОЈОТ ШТИП“.
|
|
Повеќе...
|
|
Среда, 01 Февруари 2012 09:45 |
 Заклучно со вчерашниот ден (31.01.2012 година) граѓаните на Општина Штип требаше да ги пријават сите промени во состојба на својот недвижниот имот. Секоја извршена купопродажба, подарок, наследство или било кој друг правен основ за пренесување на сопственоста на недвижниот имот како и зголемувањето на површината на постојните објекти со доградби и надградби, треба да се пријави во одделението за администрирање со приходи при Општина Штип.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 11 |