|
Вторник, 14 Декември 2010 12:22 |
|
Општина Штип ги повикува граѓаните да ги украсат своите домови и дворови, деловни објекти и јавни институции со цел да се вклучат во традиционалниот избор за најубаво украсен објект. Со тоа ќе помогнат во севкупното украсување на градот за претстојните Новогодишни и Божиќни празници.
Во рамки на Програмата за одбележување ќе биде формирана Комисија која во втората половина на декември ќе направи обиколка низ градот за да ги детектира најубаво украсените објекти, а потоа ќе донесе одлука за наградување на најдобрите. Станува збор за традиционална активност во пресрет на нова година.
|