Дома Соопштенија Честитка до граѓаните на Штип по повод денот на градот
Честитка до граѓаните на Штип по повод денот на градот
Сабота, 18 Декември 2010 11:44

Gradonacalnik_d-r_Zoran_Aleksov_2_resizeПочитувани сограѓани,

Ова се празнични денови во кои со срце и душа го чествуваме нашиот патрон, заштитник на град Штип - Свети Никола. Овој 19-ти декември, по втор пат го одбележуваме Денот на градот со надеж дека истиот со секоја нова прослава ќе стане се посилно вкоренет во нашите традиции.

Историјата пишува дека нашиот светец-заштитник кој бил роден во Патара (Ликија) во Мала Азија го добил името Никола кое во превод значи „народен победник“. По смртта на своите родители, го продал целиот свој имот и парите ги поделил меѓу сиромасите. Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, нсреќните и немоќните. Во неговото битие како да се собрани сите добрини на овој свет, на нашата вера, што го прави Штип посебно горд што за свој патрон го има Свети Никола. Од неговиот живот, од неговите дела, многу млади генерации можат да научат за пожртвуваноста, за љубовта и почитувањето.

Во овие студени зимски денови, драги мои сограѓани ви посакувам уште посилна вера и верба во нашата црква, во нашиот заштитник и во нашите заложби заеднички да ги споиме традицијата и современото. Пораките за мир, љубов и соживот нека бидат и понатаму наши водилки, бидејќи чудата се можни само онаму каде постои сплотеност, трудољубивост и доверба. Врочем, на тоа не учи Свети Никола кој го познаваме и како Чудотворец. Ви посакувам уште многу прослави и одбележувања на денот на градот и нека уште многу векови Свети Никола не чува сите нас од секакво зло.

За многу години,

Градоначалник на Штип

д-р Зоран Алексов

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер