| ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО АВГУСТ 2009 |
| Вторник, 11 Јануари 2011 15:41 | |||
|
Се известуваат граѓаните кои лани имаа поднесено пријави за проценка на штети од невреме-поплави на земјоделски посеви и имоти да дојдат до општинската комисија и да се пријават со доставување на копија од 3 лични документи и тоа:
-Лична карта -Документ за сопственост на имот и -Трансакциона сметка
Со оглед на тоа што поголем дел од пријавените не се јавуваат на посочените телефонски броеви за контакт Општина Штип упатува апел до пријавените граѓани за штетите од невремето во месец август 2009 да се јават до Комисијата за завршување на процедурата.
Целата активност ја спроведува комисијата за штети заедно со секторот за Финансии и буџет.
Лице за контакт – Лазар Соколовски (Одделение за Локален економски развој.) Граѓаните можат да се пријавуваат до петок, 14-ти јануари 2011.
|