| Апел до граѓаните за совесно користење на јавните чешми |
| Петок, 22 Јули 2011 13:46 | |||
|
Иако укажувањата на ресорните институции наложуваат минимизирање на движењето во периодот од 10 до 17 часот, за оние граѓани кои имаат потреба од активност, локалната самоуправа и ЈП „Исар“ обезбедија вода која граѓаните можат да ја користат од јавните чешми на пет локации:
- Kај крстосницата кај Суитлакот (кај слаткарницата) - Спроти Здравствен дом - Трговски центар (кај такси постојката) - Близу плоштад (спроти УНИ банка) - На градскиот плоштад Ги информираме граѓаните дека ова е вода од водоводната мрежа, бактериолошки и хемиски исправна, заради што истата може слободно да се користи, за разлика од водата во природните чешми за која нема гаранција и Општината не гарантира во случај на конзумирање. Воедно, упатуваме апел до граѓаните водата од јавните чешми да ја користат рационално, да ја штедат, и да не вршат оштетување на славините или пак намерно пуштање на водата да тече без потреба за тоа. Ставањето на јавните чешми е во функција на потребите на граѓаните и тие треба први да се грижат за нивната исправност и функционалност. Водата може да се користи за разладување на високите темперетури но не и да се расфрла со оглед на тоа што производството на вода е скапа работа.
|