Дома Соопштенија До денес пријавени 2565 дивоградби
До денес пријавени 2565 дивоградби
Среда, 27 Јули 2011 09:44

divogradbi2Согласно статитстиката на терен, од почетокот на важноста на Законот за легализација на бесправно изградени објекти на 4-ти март 2011 до денес (27.07.2011) во Штип се евидентирани 2565 дивоградби.

Од нив, 1645 се по пријава на самите граѓани во едношалтерскиот центар додека преостанатите над 800 барања се од тимовите кои веќе трета недела се на терен и на лице место им помагаат на граѓаните да поднесат документи.

Според статистиката, до сега се издадени над 80 решенија за легализација.

Само за четири дена биле обработени 387 барања од терен (18.07 до 22.07). Најголем дел од поднесените барања, околу 1394 се поднесени само во периодот од 1-ви до 22 јули.

 

Наскоро Законот влегува во последниот месец на важност заради што Општина Штип апелира до сите заинтересирани граѓани да го испочитуваат законскиот рок и до 3-ти септември да ги пријават своите дивоградби.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер