Дома Соопштенија За шест месеци аплицирани / добиени 25 проекти
За шест месеци аплицирани / добиени 25 проекти
Петок, 29 Јули 2011 11:24

opstina_stip-proekti_resizeИ покрај летниот период, Одделението за локален екеномски развој при Општина Штип прави извештаи за тековните активности во  поглед на аплицирање и добивање на проекти.

Според анализите, за периодот јануари-јуни (шетсмесечен извештај за работата) Одделението за локален економски развој аплицирало на околу 25 проекти до домашни или меѓународни институции а дел секако се реализирани и со средства на Општина Штип.

Од 25-те проекти, 10 се добиени, 3 се во фаза на реализација, 2 се во втора фаза а за 10 проекти се очекуваат резултати.

Вредноста на добиените проекти е околу 43.5 милиона денари или над 700.000 евра. Според висината, најголемиот дел отпаѓа на два добиени проекти и тоа „Туризам без граници“ реализиран преку фондовите на ИПА во соработка со Ќустендил (Бугарија) во вредност од 299.648 евра (18.578.176 денари) и проектот „Споделено знаење-инвестиција за иднината“ , исто така уште еден проект проект на овие две општини преку ЕУ во вредност од 289.289 евра (18.935.818 денари).

Вреди да се спомене позитивниот одговор за проектот „Реновирање на кујна во клон детска градинка „Пчелка“ при ЈОУДГ „Вера Циривири-Трена“-Штип. Проектот се реализира во соработка со Германската амбасада.

Од проектите за кои се чекаат резултати вреди да се спомене „Повеќе знаење посветла иднина“ преку Ромскиот едукативен центар во кој покрај Штип како партнери се јавуваат и општините Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево а чија вредност е 301.997 евра (18.723.814 денари).

И во летните месеци (јули-август) вработените во Одделението за локален економски развој ги продолжуваат реализациите на тековните проекти и подготвуваат апликации за периодот по годишните одмори. До септември се оечкува одговор на дел од 11-те проекти кои се аплицирани до различни институции.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер