| Нова фонтана во Сењакот |
| Петок, 12 Август 2011 12:29 | |||
|
Иницијативата за поставување на чешмата е на двете штипски јавни претпријатија.
Конкретно, ЈП „Исар“ за функционирањето на чешмата направи приклучок на вода и одвод до најблиската канализација, завршувајќи ги сите водоинсталатерски работи и канализациони приклучоци. ЈП „Штип-проект“ ја изгради фонтаната и го направи партнерното уредување околу истата. Ова е прва нова чешма од овој вид во последниов период. Нејзината изградба е со цел да ги подобри условите на граѓаните во тој дел од градот, поради зголемената фреквенција на граѓани посебно во летните ноќи. Како што истакнуваат од јавните претпријатија - ова е еден вид тест за граѓаните. Доколку знаат да ги чуваат јавните добра, се планира изградба на нови вакви фонтани (пред „Зегин“ во центарот на градот и сл.)
|