Дома Соопштенија Конкурс за награда 8-ми ноември 2011 - Општина Штип
Конкурс за награда 8-ми ноември 2011 - Општина Штип
Среда, 05 Октомври 2011 10:29

Opstina_StipВрз основа на член 6 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија („Службен гласник на Општина Штип“ број 16/09), Комисијата за доделување на награди, на седницата одржана на 4 октомври 2011 година, распиша

 

 

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА 8 НОЕМВРИ

И ПРИЗНАНИЕТО 8 НОЕМВРИ ЗА 2011

 

  • Наградата 8-ми Ноември е највисока општинска награда  што ја доделува Советот на Општината Штип по повод  Денот на град Штип;
  • Наградата 8-ми ноември се доделува на истакнати личности и правни лица кои имаат посебни заслуги и придонес во афирмацијата и развојот на градот во петогодишниот период  во областите: образование, наука, уметност, спорт, стопанство, хуманост и др.;
  • Признанието на Општина Штип се доделува на физички и правни лица од Општина Штип и од Република Македонија како знак на општо признание за особени постигања и придонес во афирмацијата и развојот на градот во областите: стопанство, наука, уметност, образование култура, спорт, хуманост и др.;
  • Признанието се доделува и по разни поводи за лични залагања и особен придонес за градот во сите области на општественото живеење во периодот од една година до објавување на Конкурсот;
  • Признанието се состои од плакета;
  • Право да предлагаат кандидати имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Штип
  • Предлогот мора да е образложен, со приложена кратка биографија. Предлагачите притоа мора да приложат и полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата.

 

Конкурсот трае  15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди на Општина Штип, ул.Васил Главинов бб или во архивата на Општина Штип.

 

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

НА ОПШТИНА ШТИП

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер