| Универзитетот „Гоце Делчев“ добитник на наградата 8-ми Ноември |
| Петок, 21 Октомври 2011 14:01 | |||
|
По неколку часовна расправа и разгледување на пристигнатите номинаци, Комисијата со која претседаваше градоначалникот д-р Зоран Алексов одлучи наградата да му ја додели на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип:
- Оваа година нема признанија, не затоа што нема квалитетни имиња или пријавени, туку затоа што не се исполнети одредени критериуми, додека наградата „8-ми Номеври“ ја доби штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ со оглед на огромниот придонес кој го има во развојот на Штип. Наградата 8-ми Номеври се доделува на секои пет години. Ова е второ доделување а прв добитник е д-р Коста Балабанов (почесниот Конзул на Јапонија во Македонија).
|