| Повик за пријавување на невработени |
| Петок, 11 Ноември 2011 10:34 | |||
|
Обуката е наменета за невработени лица и истата ќе биде спроведена од страна на консултантската куќа „Мотива“ од Скопје. На обуката ќе учествуваат 25 лица од Штип а доколку бројот на кандидати биде поголем од потребниот, комисија ќе одлучува за тоа кои кандидати ќе се стекнат со право на посета на обуката.
Како учесници можат да се пријават лица кои ги исполнуваат следниве услови: - да се на возраст до 27 години; - да се невработени, дипломирани или апсолвенти. Пријавувањето се врши на следниве телефони: 032 22 66 50; 22 66 00; 22 66 38, најдоцна до 15. ноември. Бројот на учесници е ограничен. Обуката ќе се оддржи на 18 ноември (петок) 2011.
|