| До медиумските редакции и дописната мрежа во општина Штип |
| Петок, 18 Ноември 2011 16:04 | |||
|
Тема на работилницата е запознавање на медиумите со нацрт кодексот за новинари и медиуми кога предмет на прилогот се ранливи групи на лица односно деца со инвалидност, деца жртви на семејно насилство, жртви на педофилија, трговија со луѓе, пристап во случај на питачење итн. Се покануваат сите новинари и технички реализатори, камермани,новинари-дипсници да присуствуваат на работилницата која ќе трае околу 90 минути, со цел запознавање со овој нацрт кодекс за новинарите. Општина Штип и Одделението за јавни дејности ги замолува сопствениците и уредниците на медиумите да овозможат следење на оваа работилница, во што е можно поголем број, со цел заеднички да овозможиме вистински професионален новинарски третман на ранливите категории на граѓани а пред се децата. Доколку постои интерес, би било пожелно да контактирате со лицата за должени за односи со јавност (Милена Ристова-Михајловска и Драган Ристов) а агендата ќе ви биде доставена најдоцна до среда 23 ноември 2011. Предвидено е редакциите и новинарите да добијат соодветен сертификат со кој се потврдува дека ги имаат потребните знаења за известувања за начин на известување за деца од ранливите групи. Дополнителни информации на 032 / 22 66 00 или 078 / 472 708 Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите На работилницата се поканети сите претставници од локалните медиуми (печат, радио, телевизија и интернет портали.)
Ви благодариме за соработката !
|