| Истече рокот за предлози за кандидати за наградите „19-ти декември“ за медиумските куќи |
| Вторник, 06 Декември 2011 10:27 | |||
|
По утврдување на листата на кандидати, градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов во соработка со членовите на неговиот кабинет ќе направи селекција по што ќе бидат избрани десетемина штипјани кои ќе ги понесат наградите „19-ти декември“. Медиумските куќи можеа да предлагаат неколку имиња за награда, со оглед на бројот од 10-тмина наградени а Градоначалникот со соработниците ќе ја утврди конечната листа на добитници. И годинава ќе биде доделен орденот „Свети Никола“ по трет пат. Прв добитник беше Архиепископот на МП, г.г Стефан а лани кардиологот Сашко Кедев.
|