| До сега издадени 620 решенија за легализација |
| Четврток, 15 Декември 2011 12:24 | |||
|
При тоа треба да се има во предвид дека уште во фазата на поднесувања на барања, од стапување на сила на Законот се решаваа првичните поднесени барања, кои до Законскиот рок беа околу 70-тина, што значи дека во изминатите 60 дена се издадени над 550 решенија. Според статистичките показатели, извршен е увид на лице место на 2892 локации што е 27.7% од вкупниот број а постапката е прекината кај 7575 предмети што е 72.3% од вкупниот поднесен број. Овде станува збор најчесто за недостаток на градежен елаборат, или друг од потребните три документи, кои правните и физички лица имаат обврска да го достават за да продолжи постапката на легализација.
|