| Повик до граѓаните за украсување на објектите |
| Четврток, 22 Декември 2011 09:57 | |||
|
Согласно традицијата, и годинава ќе биде направен избор на најубава новогодишна декорација во трите категории: индивидуален објект, деловен објект и јавна институција, при што градоначалникот д-р Зоран Алексов ќе им додели скромни подароци. Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации и на телефонот 032 22 66 00, кај членовите на Одделението за поддршка на градоначалникот. Идната недела ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава се украсени, по што ќе одлучат кому да му ги доделат наградите за најубава декорација. За потсетување, минатата година во категоријата „Индивидуален објект“ наградата ја поделија Семејствата Цуцковски и Патраклиски, во категоријата најубаво декориран деловен објект наградата да ја доби објектот на РОБИ-Телекабел во центарот на Штип а во категоријата најуспешно декорирана јавна институција беше избрана детската градинка „Вера Циривири-Трена“ (Спроти СВР-Штип).
|