Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот д-р Зоран Алексов по повод Божиќ
Честитка од градоначалникот д-р Зоран Алексов по повод Божиќ
Понеделник, 09 Јануари 2012 09:41
Gradonacalnik_d-r_Zoran_Aleksov_2_resizeБидејќи со раѓањето Христово како свет чин се исполни надежта на родот човечки и се потврдија љубовта, вербата и добрината како основни принципи на животот, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, од мое лично име и од име на Општина Штип, Ви упатувам искрени честитки со желби овоплотувањето на Синот Божји да ни подари милост, љубов и соживот за сите, затоа што преку Божиќ се празнува спасението.

Благословен е секој оној кој го следи богоугодниот пат на живот во кој соработката, заедништвото, човекољубието, толеранцијата и создавање на добри дела се наши насочувачи. А Божиќ е празникот кој постојано нè просветлува, нè потсетува и насочува, да ја негуваме, унапредуваме и удвојуваме нашата верба во овие вредности.

Христос се роди!
Честит Божиќ!

Срдечно,
Општина Штип
Градоначалник
д-р Зоран Алексов
 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер