|
Петок, 27 Јануари 2012 11:10 |
 Со оглед на големиот интерес за следење на настава од третиот циклус за бесплатни курсеви по Информатика, како што е познато Општина Штип ја продолжи постапката за пријавување на заинтересирани кандидати.
Сите граѓани можат да се пријават во едношалтерскиот систем при локалната самоуправа, до денес, петок, 27-ми јануари 2012 година, во периодот од 8:30 до 16:30 часот.
Истото важи и за кандидатите за професори кои ќе бидат наставен кадар во реализацијата на третиот курс на бесплатни курсеви по Информатика. Пријавувањето за наставен кадар можат да го вршат во одделението за поддршка на градоначалникот (контакт: Милена Ристова-Михајловска).
|