|
Петок, 10 Февруари 2012 10:48 |
 Новите наноси на снег во вечерните и ноќните часови предизвикаа нови проблеми во одвивање на сообраќајот. Од синоќа екипи на ЈП „Штип проект“ се на терен, со цел овозможување на услови за непречено одвивање на сообраќајот. Само во текот на ноќта фрлени се 16 тони абразивен материјал (сол и песок). Оспособени за сообраќај се прво главните улици во централното градско подрачје а во текот на денот ќе следи чистење и на споредните улици.
Ангажираните работници за јавни работи ги расчистуваат тротоарите во централното градско подрачје по што ќе следи чистење и во другиот дел на градот.
Сообраќајот се одвива отежнато и се препорачува внимателно возење со цел избегнување на посериозни последици по сите учесници во сообраќајот.
|